Говорејќи за она што го сработи досега Вилма Русковска во врска со случајот „Рекет“, адвокатот Панчо Тошковски наброја неколку симптоматични моменти во истрагата кои говорат дека истата е компромитирана. Тој јавно запраша зошто толку време се чекало да се преземат било какви дејствија повразни со слуачјот „Рекет“ од страна на Вилма Русковска. Тошковски потенцираше дека најсимптоматично е тоа што и покрај доказите со кои располагала Русковска на Катица Јанева ѝ беше дозволено да замине на одмор во Грција.
Крајот на април изјави обвинителката Русковска дека е периодот кога самиот премиер ја информирал дека се одвиа некоја си рекетарска шема на злоупотреба на инститнуционална моќ, пари, власт. Самата обвинителка го кажа ова. Од крајот на април првите процесни дејствија кои што ги презема беа со привтораањето на господинот Бојан Јовановски и господинот Зоран Милески. Тоа беше 16.07.2019. На 16.07 значи после 2 месеци дури тогаш имаше десјтвие кое што го презема. Е, сега каде најсимптоматично, не само за мене туку и за целокупната македонска јавност. На 16.07 се притвараат овој вториов и третиот кои што рекетирале, а првиов односно сега притворената госпоѓата Катица Јанева шеф на СЈО тогаш се притвора после месец и 5 дена на 21 август. И притоа се остава да не речам да уништува докази, да брише комјутери да фрла телефони, телефоните да ги губи снаата во Белград, не знам синот да ги носи не знам каде. Тоа нема да го зборам ќе речам си отишла на одмор, само тоа ќе го кажа. Ова вам не ви изгледа сомнително, запраша тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.