Бизнисменот Киро Тошевски, кој јавно проговори за притисоците и малверзациите од Зоран Заев и неговите блиски, на чело со братот Вице, одговори на прозивките на премиерот во заминување.
Тошевски во реакција за „Алфа“ вели дека изјавите дека бил осудуван, искажани од премиерот во заминување, се целосна невистина.
Тошевски во петокот беше гостин вово емисијата „Што не е јасно?каде повроно обвини дека браќата Заеви, злоупотребувајќи ја власта сакаат да му го земат атрактивниот имот и земјиште лоцирани меѓу хотелот Хилтон и факултетот ФОН.
По емисијата, во саботата, премиерот одговори на прашање на „Алфа“ во кое меѓу другото, тврдеше дека станува збор за човек, мислејќи на Тошевски, кој е пред извесно време осуден.
Тошевски приложи две потврди од судот дека досега не бил осудуван, едната е со дата 16.2.2018, а другата со датум три дена по изјавата на Заев односно на 17.12.2019.
Одговорно изјавувам, вели Тошевски во демантот, дека досега не сум осудван. Истовремено јавно го повикувам премиерот да одговори од каде му се информациите за мојата наводна осудуваност, додава тој.

Извор: Алфа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.