Александар Тортевски на својот Твитер профил ги коментираше синоќашните настани во Градскиот трговски центар каде беше открено копање на криптовалути. Кратко по откривањето, МВР дојде на местот ан настанот, но не утврди никакво прекршување на законот, по што полициските службеници си заминаа. Неколку часа подоцна, магацинскиот простор беше испразнет, а компјутерската опрема со комбиња беше дислоцирана.

„Браво за МВР, успеале да овозможат да се уништат доказите во ГТЦ па сега ќе биде дека таму се сервисирале флипери. Мислам дека веќе не постои доказ колку струја влечеле во тој простор.“, коментира Тортевски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.