За отворањето на изборниот штаб на ДУИ во Охрид, кандидатот за советник Нефи Усеини си доби торта со неговиот лик и изборното бројче.
Топло гостопримство и атмосфера за носителот на списокот и во исто време шефот на филијалата Нефи Усеини, од сите граѓани, се вели во пораката од партијата.
Контроверзниот охридски бизнисмен повторно ќе ја предводи советничката листа на албанската партија во Охрид. Усеини стана познат по дивоградбата во центарот на Охрид, на која уште никој ништо не ѝ може, а даде оставка од Советот во ноември 2020 година, бидејќи противнего се водеше судска постапка за насилство. Ова се само дел од скандалите со кои постојано ги полнеше медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.