„Вие сте од иста населба со мене и не знам зошто сте дозволиле Вашата партија која 30 години владее на локално ниво се уште да се гази во кал во населбата – Перо Чичо“, рече Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на општина Куманово на својот противкандидат Оливер Илиевски во гостување во емисија на МРТВ.
Михајловски потсети дека еве пет години централна власт е СДСМ, зошто за тие неколку години во Куманово не се направи нешто за да се задржат младите во градот и самата општина да заживее со нови проекти.
„Еве пет години е друга централна власт, во координација со градоначалникот за пет години можеше и Ајфелова кула да се изгради во Куманово и да се решат сите недостатоци“, рече Михајловски.
Михајловски додаде дека скоро на ниту една улица во Куманово нема тротоар, според локалната власт пешаците треба да лебдат во воздух.
„Спортската сала во Куманово, од еден бисер на Балканот, од една најдобра сала во тоа време кога беше изградена од локалната власт предводена од СДСМ 30 години, е претворена во една дупка, во неупотребливо нешто“, нагласи Михајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.