Актерот Тони Михајловски доби условна казна за заканата упатена на Фејсбук кон новинарот Бранко Тричковски во која напиша дека би го убил без око да му трепне. Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против актерот кој на денешното рочиште призна вина и му се извини на новинарот за заканите.
За тоа, судијката Александра Ристеска го осуди на условна казна затвор од три месеци, ако во рок од една година не го повтори делото.
Tричковски немал барања за отштета и за дополнителен прогон.
Според обвинението, на 16 јуни, 2017 година, по пат на информатички систем, Михајловски се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот.
Бранко Тричковски кој важи за новинарски перјаник на Зоран Заев и идеолог на СДСМ, на својот ФБ профил има објава каде што директно повикува да се киднапира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Меѓутоа дилема во јавноста зошто Бранко Тричковски нема никаква пресуда за говор на омраза и закани иако во неколку наврати јавно преку фејсбук повикувал на смрт и убиство кон јавни личности и носители на високи државни функции. И покрај јавните закани и повици за ликвидација на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски како и за претседателот Ѓорѓе Иванов против Бранко Тричковски нема никакви постапки со што легитимно се отвара прашањето дали власта го заштитува ? – коментира Магазин.
-А да го киднапираме Мицкоски и да му ги извадите сите партиски органи?, прашува преку својот Фејсбук профил Тричковски.
Тричковски инаку е познат по скандалозните свои произнесувања во јавноста преку Фејсбук статуси, често со спорна содржина.
За поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов го напишал следниот статус:
Луѓето имаат природно право да се качат на Водно и да го обесат на првиот лустер. Да го наденат на некое александриско копје и да го фиксираат во мозаикот на Чемерски. Покрај глупавите здрвености на неговите гардисти. Да го мумифицираат во позата на Лудакот од Паљурци. Да го наредат покрај некоја тараба како мало смешно Чаусешче и да го стрелаат. Без Маја. Молам. Тој не е политички противник, тој е медицински феномен во служба на една злосторничка политиката. Тој е лудак кој го забива својот нож во гумениот чамец на македонските бродоломници. Пред европската Лампедуза. Тој е смртта во изборот меѓу себе и животот. Тој не е политички избор. Тој е манијак кој ја злоупотребува нашата пристојност.
Тој е вмро-дпмне, вмро-дпмне е тој“- фејсбук статус на Бранко Тричковски за тогашниот претседател Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.