Тони Михајловски, члена на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше видео обраќање. Во продолжение го пренесуваме обраќањето на Михајловски во целост.
Почитувани граѓани на Република Македонија.
Театарот е место каде што се отсликува животот со сите добри и лоши работи што тој ги носи со себе.
Во театарот, за разлика од животот , мртвите стануваат да се поклонат на крајот кон публиката.
Во животот тоа не е така.
Господ те чува онолку колку што се чуваш и ти.
Затоа е најдобро ние самите да го заштитиме своето здравје.
Сега се потребни совесност, одговорност и посветеност.
Само така ќе се однесуваме човечки и одговорно кон блиските и кон љубените, кон соседите и кон сите останати.
Да извлечеме поука од минатото.
Секогаш кога сме биле сложни, разумни и посветени- сме победувале.
Верувам во победата над овој невидлив непријател.
Останете дома, читајте, и гледајте театар онлајн.
Македонија има сила и за оваа победа, затоа што секој живот вреди!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.