Tоме Саздов е дел од Илинденската коњаница од Горно Лисиче која пред 3 дена го започна традиционалниот марш до Крушево.

Но, неговата кобила се повpедила уште на дефилето во Скопје, па Томе решил маршот до Крушево да го помине прешки.

Коњаницата вчера пристигна во долненско Ропотово, до каде Томе пропешачил 160 километри.

Тој е првиот во 42-годишната традиција на оваа коњаница, кој маршот го поминал пешки.

Долно Лисиче – Крушево, непланирано пешки. Било моја среќа, кобилата да ми се повреди уште во Скопје. Не можеше да го издржи ниту дефилето.

Па, од Долно Лисиче, денеска пристигнав пешки во Ропотово. Изминав досега околу 160 км, заедно со коњаницата.

Во 42-годишна традиција, јас сум првиот што изодел олкав пат – пешки, со коњаницата. Кога трчаа и јас трчав, кога одеа и јас одев, за љубов кон РМ.

Не сакав да се откажам од маршот.

Трасата досега изгледаше вака: Долно Лисиче – Петровец – Катланово – Велес – Долно Оризари – Чашка – Теово – Богомила – Ропотово. Утре е нашиот последен ден – до Крушево.

Да живее Република Македонија, пишува на Фејсбук Саздов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.