Клучот за политичката криза е кај Али Ахмети. Како што стојат работите, тој на директен или индиректен начин ќе одлучува кој ќе биде нов премиер или лидер во СДСМ.
Дека односите меѓу Заев и Ахмети се затегнати најави самиот тој кога по рече дека имале не баш пријатен разговор откако премиерот веднаш по изборите најави дека си заминува.Ахмети се обидувал да го убеди Заев да ја промени одлуката и при тоа го потсетил што се имаат договорено кога се составуваше оваа влада.
Заслугите на Ахмети за доаѓањето и останувањето на Заев се огромни. Во 2017 година кога на изборите победија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ тој го прекрши правилото победник со победник во македонскиот и албанскиот блок да коалицираат при состав на владата.
Тоа правило веќе е прекршено и Ахмети веќе нема право да се повикува на никаков Мајски договор и ВМРО-ДПМНЕ може да се земе за партнер било која партија на Албанците без разлика дали освоиле најногу гласови во нивниот кампус.
Слична ситуација се случи и на последните избори.Заев повторно неможеше без ДУИ да направи Влада па Ахмети испорача ново барање-премиер Албанец.
Тоа не му беше удоволено па тој доби утешна награда а тоа е премиер Албанец во последните 100 дена од владата. Сега и тоа виси, па затоа Ахмети го потсети Заев на ветувањето.
Затоа сега Ахмети ќе поставува високи барања да ја гласа оваа влада која ќе биде без Заев но со СДСМ на чело.
Ахмети е искусен волк кој досега испрати од власт шест премиери, што регуларни што технички па сигурно ќе го испрати и новиот премиер и ќе го дочека она што не криеше дека е негова желба а тоа премиер Албанец на „Илинденска“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.