Иако францускиот претседател и германската канцеларка Емануел Макрон и Ангела Меркел јасно кажаа дека ЕУ не размислува за проширување, со што паднаа во вода надежите и ветувањата на владата за датум за преговори со ЕУ во јуни, премиерот Зоран Заев е благодарен што „Германија и Франција што ги препознаваат и посочуваат подвизите кои ги презедовме како врвен придонес кон балканската и европската стабилност“.
Нашата одговорност и посветеност не запира тука бидејќи европската идеја за сојузништво на диверзитетот бара постојана грижа за себе и за другиот, напиша Заев на Фејсбук споделувајќи интимни неформални фотографии од себе во друштво со двајцата големи европски државници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.