Одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески бара изземање на вештото лице м-р Борис Тунџев, актуелен директор на Агенција за катастар на недвижности Скопје, вештак од областа на геодезијата во случајот „Топлик“.

Од одбраната објаснуваат дека Тунџев дипломиран геодет инжинер е актуелен директор на Агенцијата за катастар на недвижности а согласно Законот за катастар и тоа членот 6 од истиот: „Агенцијата за катастар на недвижности има својство на правно лице и за својата работа и одговара на Владата“; согласно чл.12: „Со Агенцијата раководи директор кој го избира и разрешува Владата за период од 5 год “; согласно чл.19: „Средствата за работа на Агенцијата се обезбедуваат од Буџетот, сопствени приходи од надоместоци и др извори“.

Со оглед на тоа што со обвинението се тврди дека обвинетите го оштетиле буџетот на Македонија, а како Агенцијата за катастар на наедвижности согласно Законот за катастар е правно лице кое за својата работа и одговара на Владата, Директорот на Агенцијата се именува и разрешува од Владата, како и фактот дека Агенцијата се финансира од буџетот, неспорно се заклучува дека се исполнети законските претпоставки од чл.238 ст.2 од ЗКП според кој причина за изземање на вештакот постои и во однос на лице кое заедно со оштетениот е во работен однос во ист орган или друго правно лице…. односно стои основот за изземање од чл.33 ст.1 точка 1 од ЗКП, се наведува во барањето.

Адвокатот Сања Алексиќ пред судот наведе и дека вештото лице Борис Тунџев е финансиер на политичката партија СДСМ.

Тунџев е евидентиран како донатор во годишниот извештај на партијата за 2019 година. Тој е и во работен однос кај оштетениот, што е основ за изземање, бидејќи е доведена во опасност неговата објективност и пристрастност, посочи Алексиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.