Премиерот Зоран Заев вчера на највисоко ниво беше примен од францускиот претседател Емануел Макрон. Првиот човек на Франција и еден од најмоќните во Европската Унија порача дека Македонија заслужува да ги почне преговорите без одложување без притоа директно да го спомене спорот кој нашата земја го има со Бугарија.

Време е да се конкретизира ова одлука и ние ќе работиме да се најде решение за почеток на преговорите-нагласи Макрон.

Но, токму Макрон и Франција беа тие што го блокираа датумот за преговорите, еден од многуте датуми кои Заев се пофали дека ги добил.

Тогаш Франција бараше прво да се усвои новата методологија за преговори на земјите-кандидати па дури потоа да се одбри датум за Македонија и Албанија.

Оттогаш поминаа речиси три години, но датумот никако да дојде. Во меѓувреме на сцена стапи Бугарија која бара да прифатиме дека зборуваме бугарски дијалект, дека до 1944 сме биле Бугари а потоа Тито не направил Македонци за да почнене преговори.

И да, и дека Гоце Делчев и Илинденците се Бугари. Само толку.

Она што може да се забележи е поддршката која Заев која Заев ја добива од европските лидери во пресрет на одлуката на Советот дали ќе дозволи почеток на преговорите, секако доколку има решение на спорот со Бугарија.

Ова многу наликува на ситуацијата која ја имавме пред референдумот за промена на името во септември 2018 година. И тогаш Заев беше европски миленик. Во Скопје се изредија Ангела Меркел, Себастијан Курц, Тереза Меј а Макрон ни испрати видео поздрав.

Сите европски лидери го убедуваа народот колку е добро да го промениме името и дека веднаш потоа без одложување ќе ги почнеме преговорите за членство.Три години подоцна Македониј намето преговори доби уште една „Грција“ во ликот и делото на Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.