На последниот ден од минатата година беше објавено дека поради ефикасност на судењето и судење во разумен рок судијата Огнен Ставрев, претседател на судскиот совет, во „ТНТ“ закажал нови рочишта секој ден во периодот од 13 до 27 јануари.
Ден претходно Судски совет ја одложи седницата на која требаше да констаира дека е истечен мандатот на поротничката за 27 јануари.
Ќе успее ли претседателот на Судскиот совет Киро Здравев да собере сила и да им одолее на притисоците кои се прават врз него за да свика итна вонредна седница на Судскиот совет и веднаш да одговори на барањето од Претседателот на Основниот кривичен суд дека барање што го поднел за продолжување на мандатот на поранешната судијка-поротник Лидија Ивановска-Кочковска е незаконито и спротивно на Законот за судови и Законот за судски совет како и дека Судскиот совет нема законски основ за донесување на таква одлука бидејќи на пототничката веќе ѝ е престанат мандатот со протекот на времето за која истата е избрана.
Воедно со неговата вчерашна изјава како и недавање на одговор по однос на поставените прашања кои јавно му беа поставени, можам да сметам дека постапуват спротивно на Уставот и законите во РСМ, иако преку институцијата која ја раководие најповикан за почитување на уставот и законите на РСМ и за почитување на НЕЗАВИСНОСТА НА СУДСТВОТО.
Доколку и понатаму во наредните денови не даде јавно одговор на поставените прашања бидејќи јавноста мора да биде запознаена со неговата работа и работата на институцијата со која раководии не достави одговор на барањето на претседателот на Основниот кривичен совет станува потикнувач и помагач при вршење на повеќе кривични дел, а воедно и самостојно врши дејствиија кои имаат обележја на кривични дела согласно КЗ.
Јавноста а и судската фела како и членовите на Судскиот совет треба да бидат запознаени со сите незаконски дејствија кои се предземаат од негова страна и го охрарувам јавно да проговори за притисоците кои ги трпи за целиов овој период – пишува адовокатот на обвинетиот Тони Трајковски.
Бранителот на ексградоначалникот на Гази Баба напиша отворено писмо за судијата-поротник Лилјана Ивановска Кочковска, која уште во насловот ја нарекува поранешна затоа што на 24 декември го исполнила 4-годишниот мандат во Кривичниот суд.
Доколку продолжите да се појавувате на судските рочишта во својство на судија поротник ќе сторите кривично дело лажно преставување согласно член 391 од Кривичниот законик за кое дело е предвидена затворска казна, пишува тој.
Бранителот на Елизабета Најдовска Мерџан Даути посочува дека необезбедувањето на превод на албански јазик на документите и доказите е повреда на постапката, а при неусогласеност на законите, треба да се применува Законот за јазици. Набројува и други забелешки.
Основниот кривичен суд Скопје со недавање на записници и закажување на секој дневни и одржување на рочишта за предметот „ТНТ“, ни забранува да се подготвуваме и да даваме соодветна и професионална одбрана, а тоа е ПРЕСЕДАН за правосудството, пишува Даути.
Даути реагира и затоа што за време на празниците, преку веб страната на судот, разбрале дека се закажани дополнителни термини за „ТНТ“ во јануари. Вели има и други клиенти и предмети на кои треба да присуствува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.