Целта на интервјуто на премиерот Зоран Заев на БГНЕС беше во функција да се деблокира процесот на евроинтеграции, но не верувам дека Бугарија ќе попушти пред одржувањето на парламентарните избори во март следната година, оценува поранешниот претседател на парламентот Тито Петковски, кој воедно е лидер на владејачката НСДП.
Иако во суштина не кажа ништо лошо, интервјуто на Заев предизвика многу реакции, веројатно поради одредени историски непрецизности и лош избор на зборови. Неговата цел не беше за домашна публика, туку беше наменето за Бугарија, со цел да направи обид Софија да попушти и да дозволи почеток на преговори со ЕУ. Сепак, не верувам дека може да се направи пробив до март следната година, кога треба да се одржат парламентарните избори во Бугарија – изјави Петковски за Фокус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.