Претседателот на НСДП, Тито Петковски, смета дека треба да се одржи консултативен референдум за наметнатите услови од Бугарија за членство во ЕУ заедно со претстојните локални избори. Според него, граѓаните како носители на суверенитетот треба да го имаат конечниот збор.

– И онака луѓето ќе излезат на гласање, и да ги прашаме граѓаните дали сакаат под овие услови што Бугарија ги нуди, да почнеме преговори за утврдување на преговарачката рамка. Само на тој начин одлуките на премиерот ќе имаат кредибилитет и поддршка од народот, ќе му ја олесни положбата. Во меѓувреме, ќе има и попис на крај на септември и точно ќе видиме колкумина ќе се произнесат како Бугари – рече Петковски.

Воедно, тој најави дека НСДП се отвора и кон граѓаните кои немаат партиски афинитети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.