Во поглед на причестувањето од една иста лажичка, митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј за „Плусинфо“ вели дека Црквата никогаш не го менувала начинот за примање на Светата причест, а нема ни сега.

Кој чувствува страв дека можеби ќе се зарази со ковид-19 поради тоа што се причестил од иста лажичка со други верници, тој нека не пристапува. Ние никого не тераме со сила. Ние велиме дека Господ нè чува, а токму Господ ни дарил ум за да размислуваме што е добро, а што е лошо за нас. Секој нека си размисли дали да се причести, никој не е присилен, истакна владиката.

Тој додава дека за Велигден ќе бидат ангажирани професионални обезбедувачи кои ќе бидат распоредени пред црквите и ќе ги опоменуваат верниците да носат маски и да одржуваат дистанца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.