Владиката Тимотеј за Канал 5 кажа дека црквата не ги препознава паганските обичаи за собири и палење на коледарски огнови, но препораката, вели, и за храмовите останува иста.
Препорачувам на свештенството, а истовремено и на нашиот народ, којшто се црквува во нашите цркви и манастири, пред се да го почитуваат препораките. Црквата препорачува на нашите верници да ги почитуваат препораките од комптенетните здравствени институтции кои посакуваат добро на сиот народ, независно дали се верници или неверници. Ние не апелирамe, не повикуваме луѓето да не ги посетуваат црквите, туку да ги почитуваат препораките, односно да одржуваат една пристојна дистанца, да носат маски, да се заштитат себеси и истовремено да ги заштитат останатите коишто се црквуваат, кажа владиката.
Во однос на традиционалното фрлање на крстот во реките и езерата смета дека треба да изостанат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.