Францускиот советник за надворешни работи, Сирил Бoмгартнер е назначен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Француската Република во Македонија. Бомгартнер доаѓа на местото на Кристијан Тимоние, кој е повикан на други функции, јави дописникот на МИА.
Назначувањето на Бомгартнер за амбасадор во Скопје е официјализирано во службениот весник на Франција.
Бомгартнер досега извршувал повеќе функции, а една од нив е заменик генерален секретар за европски прашања во Кеј Д’Орсеј. Претходно бил и Прв советник во амбасадата на Франција во Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.