Успешни претседателски избори без манипулации и слободно изразена волја ќе биде многу важна работа. Со тоа ќе се сврти страницата од 27 април и ќе се покаже дека земјата е зрела да забрза по Европскиот пат, изјави денеска во Велес францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Францускиот амбасадор, меѓу другото, посочил дека патот на нашата држава кон ЕУ не е воопшто лесен, бидејќи сме исправени пред голем број на услови, но услови, како што вели, дека се добри за вас.
Ние токму тоа сакаме да го направиме, да ве придружуваме на тој пат. Да ви помогнеме заедно чекор по чекор да напредуваме. Но, за да се постигне тоа потребно е сепак чувство за национално единство, но и чувство за национален интерес. Воедно тука се и одредени рокови коишто треба да бидат исполнети со изгласување на одреден број закони во Собранието. Ние со нетрпение очекуваме сите тие закони да бидат изгласани, но и да се увериме дека оние закони коишто беа изгласани од пред неколку месеци се спроведуваат. На добар пат сте, но потребно е сега да се забрза темпото, потенцира амбасадорот Тимоние.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.