Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние ги изјвади дипломатските ракавици, па со прост јазик и со конкретни примери објасни зошто нема датум за Македонија. Тој ги изненади присутните на конференцијата „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет“, што се одржа денеска во „Холидеј ин“.
Што сте запнале со тој датум? Па имате толку многу проблеми. Во Струга градоначалникот се однесува скандалозно, УНЕСКО ќе ви го одземе статусот на Охридско Езеро, имате толку многу корупција, се менуваат директори на школи на дилетантски начин, блесаво е да барате датум за преговори овој период, имате толку многу проблеми, ќе треба уште да работите за да бидете спремни за датум, чудна ми е таа ваша опседнатост со датумот! Ние не треба да ве оставиме изолирани без пат кон ЕУ, но не треба ниту да ви прогледуваме низ прсти“, изјави францускиот амбасадор Тимоние, после неколкуте инсистирања на модераторот дека датумот во октомври треба да е сигурен, со што индиректно најави дека Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ ниту во октомври.
На прашање на модераторот, новинарот Васко Попетрески, како тогаш Србија преговара, а владее режимот на Вучиќ, како Црна Гора преговара кога немало политичка промена на власта 30 години, францускиот амбасадор отсечен:
Па еднаш се изглупиравме, по втор пат нема да се изглупираме. Тезите дека еве ќе почнеме преговори, па после додека преговараме ќе се реформираме, веќе не држат. Нема да се случи тоа, треба да разберете, имате многу проблеми и не треба да се правиме слепи пред нив.
По одговорот Тимоние стана и ја напушти конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.