Францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние смета дека случајот „Рекет” треба да се води без пардон, без разлика на тоа каде и до кого ќе води истрагата. Тој во изјава за весникот „Вечер” вели дека е оптимист дека има уште време да се поправи сè, особено за да се врати довербата кон системот од страна на граѓаните.
Тимоние предупредува дека е важно да не се објавуваат произволно имиња во јавноста затоа што ќе се случи своевиден масакр од кој никој нема да биде поштеден.
Ако го земете целиот список што треба да се испорача, особено од областа на владеењето на правото, го имате списокот за кој ќе се разговара дали е постигнат одреден напредок. Го имате прашањето за слободата на медиумите, а со тоа е поврзано прашањето за онаа телевизија која беше основана под сомнителни околности. Потоа го имате прашањето поврзано со корупцијата, прашањето за судството кое исто така е во списокот, прашањето за одвојување на државата од политичките партии…
Сите тие прашања фигурираат во списокот на обврски и се вклучени во оваа афера („Рекет”) и не можам да ви кажам повеќе. Дали ќе може сето ова да се реши и тоа во целосна транспарентност до месец октомври не знам, но сепак ќе може да видиме како властите се носеле со оваа криза и како се искористиле сите ресурси за да се реши истата, вели Тимоние за „Вечерпрес”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.