Баба Перса, калливите сокаци во Волково, канализацијата во 21 век во населено место на само 12 километри од центарот на Скопје ја окупираа јавноста во последното деноноќие. Да беше политичка местенка, како што се убедени премиерот во заминување Зоран Заев и градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски баба Перса ќе ја заборавевме во првата минута по прес-конференцијата во Волково. Не, баба Перса не е нарачка. Баба Перса е реалноста.
Двете видеа на Перса Тодоровска се шернати oд повеќе од 1170 луѓе и се кликани над 134 илјади пати само на мојот приватен профил за помалку од 8 часа, и ги разбирам различните коментари.
Некои коментари се мотивирани од жална слика (без канализација, без тротоари и асфалт) која доаѓа од населено место оддалечено само 12 километри од центарот на Скопје.
А некои се мотивирани од партиската книшка со оглед на тоа дека изборите се ближат… И нив ги разбирам 😊
За да ја затворам оваа дебата, повелете линк на предизборната платформа на господинот Наумовски… Еве што вети, па вие одлучете колку сработил. ⬇️
http://zivotzasite.mk/…/uplo…/2017/09/Programa-Gjorce-05.pdf
А погледнете го и видеото подолу…
Денешната ситуација треба да биде лекција и за Премиерот… Веројатно никогаш не бил во Орман, а сосема сум сигурен дека не ни знае каде се наоѓа улицата, а он се реши да им верува на луѓето околу него (кои што веројатно за прв пат ги гледа) и да тврди дека нешто било инсценирано.
Премиеру, не се брукајте, размислете добро пред повторно да отиде на настан каде што домаќин е ваш градоначалник, а посебно внимателни треба да бидете ако ве повикаат градоначалниците на Гази Баба, Аеродром или Ѓорче Петров. 😊, пишува на Фејсбук новинарот Фуркан Салиу, кој единствен отиде со баба Перса да се увери во нејзините зборови.
Фуркан ѝ верува на баба Перса, на баба Перса ѝ верува и професорот Димитар Апасиев, можеби и критичарот Ивор Мицковски.
Ја, друже, у градинка неам одено. Растен сум со БАБА. И сакам да кажам дека бабите се заебана работа.
A oваа баба Перса, многу искрено и од дното на душата ви рече: „Царот е гол“! Со тоа таа стана симбол на народниот дух. И го означи крајот на владеењето на оваа марионетска и душманска власт![]()
![]()
, напиша Апасиев за баба Перса.
Тие живеат во „Бакингам“, баба Перса во „Волково“. И кога ќе ги соочи некој со реалноста, ако не им одговара, таа станува „лажна вест“. „Погледај дом свој, лажни анџеле“, too little, too late. Video credits go to @FurkanSaliu , ТВ21 и кој се и да снимал. Македонија 2019, ѝ верува и Богдан Илиевски Бетмен.
На баба Перса ѝ веруваат сите кои наутро глибаат во кал до автобуските постојки, кои лете „не можат да седат на тераса поради смрдњава“, кои ги кршат колите по дупките што ги создаваат поројните дождови, но не и оние на власт и околу неа. Зашто тие се далеку од реалните проблеми. Премиерот во заминување штотуку слетал од Бакингамската палата и од Даунинг стрит, каде што се фотографираше со лампионите на англискиот премиер Борис Џонсон, а градоначалникот на Ѓорче Петров „не е од тука“, како што се пожалија жителите на Волково.
Она што е уште помизерно во целата мизарена реалност која ја живееме, е двобојот на градоначалникот Наумоски со баба Перса. По видеото на новинарот Фуркан Салиу, градоначалникот Александар Наумоски испратил видео со своја верзија на приказната, на која баба Перса повторно реагира.
Како не му е срам, зошто не ме викнал мене да му кажам дека овој асфалт лично јас го платив со мои пари. 12.000 илјади јас го платив лично јас. Ма каква општина ви се молам, нека каже он на некој друг, не на мене. Земам 10.000 илјади пензија, плаќам за лекови и сметки. Нека дојде градоначалникот и нека ми каже кој ова го направил, вели Баба Перса.ж
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.