Сега секој кој има можност преку https://solidarnost.gov.mk/ може лесно и едноставно да придонесе во борбата против КОВИД со своја донација, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на својот ФБ профил.
Приклучете се, придонесете, споделете, впишете се во листата на донатори…Бидејќи заедно сме во ова, а заедно сме посилни! – напиша министерката.
До сега, како што наведува, на донаторските сметки во Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и во Солидарниот COVID фонд во Владата се донирани над 200 милиони денари.
www.solidarnost.gov.mk е платформа за донации за помош во надминување на CoVid-19 кризата, која ја креиравме со поддршка од International Republican Institute (IRI) и USAID North Macedonia, стои во објавата.
Може да се донира со платежна картичка , а сите кои донирале до сега преку банкарски трансфер може да се запишат во листата на донатори. Донираните средства се користат за справување со COVID и тоа: за набавка на опрема за здравството и обезбедување на потребите во здравството за справување со COVID и за социо-економски мерки, за поддршка на повеќе категории на граѓани на кои им е потребна помош.
Благодарност на над 1000 сограѓани кои до сега донирале и над 130 компании кои покажаа солидарност и општествена одговорност. Исто така благодарност до УНИБанка која го поддржува овој проект и овозможува процесирање на сите донации без било какви трошоци, пишува министерката во објавата на ФБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.