Шеќерке еве ти една вистинска приказна од едно време кога имавме армија трета во Европа по огнена моќ и меѓу првите десет армии во светот.
Претпоставуваш дека настанов што ќе ти го раскажам се случил во времето на Тито, оној Тито на кого е алергична другарка ти Захариева.
Значи годината е 1979, Тито е уште жив.Дедо ми ми ја кажал, а он имаше висок чин во Југословенската армија во многу осетлив сектор (род).
Пошто живеевме во воена зграда, имаше еден пилот, сосед, капетан прва класа, млад, убав, уште му го памтам ликот од тоа време, нема да откриеме идентитет, Хрват од Мостар.
Нејсе, еден ден, пред разденување, два авиони ловци, на една соседна држава го нарушиле југословенскиот воздушниот простор, поточно просторот на Македонија. Од Петровец, ги опомениле дека се на туѓ простор. Немало реакција. Веднаш е пратена ескадрила да ги пресретне, која ја водел соседов пилот од Мостар.
И он ги опоменил да се вратат од каде што дошле. Овие ни да чујат, си леткале, бајги внатре, некаде над Велес, а Скопје блиску. Авионите ловци, натапкани со оружје и ракети. Трт!
И соседов Хрват од Мостар, логично наредува напад и уништување на натрапниците.
Едниот авион го срушиле после една минута, ама вториот жилав, фатил да бега дома. Ја прелетал границата во многу низок лет и мислел готово, се спасил, ама соседов од Мостар, наредил нападот да продолжи со зборовите:
Не можеш нас тако јебат! Ова самиот тој ми го кажа.
Го срушиле во близина на главниот град на таа соседна држава и се вратиле на Петровец. Метак не испукала на нив противвоздушната одбрана на таа соседна држава. Оти цело време следеле што се случува. Знаеле криви се и си го жртвувале пилотот.
После пилотот сосед бил драстично казнет од претпоставениот старешина: Ниси баш морао да га јуриш у његовом дворишту, јебо му пас матер!
Му одземале еден чин, ама после типот пак напредуваше, па некаде 1984 доби прекоманда во Сплит. После не знам што се случи со него.
Шеќерке, приказнава е да те потсетам дека некогаш имаше армија, со која немаше зафрканции, додека беше единствена и југословенска, додека беше жив Тито. Не беше баш здраво некој да ја провоцира. Ич не беше здраво. И имаше достоинствен офицерски кадар. Супер обучен. Кадар кој знаеше како да ја брани државата од надворешни агресори. Да ја брани без пардон.
Ти Шеќерке водиш армија, а никој не знае зошто баш ти ја водиш. Што имаш ти со армија?
И таа армија која ја водиш, на која и ги симна ознаките дека е македонска, е ПОСЛЕДНА во Европа по огнена моќ. Со понижени старешини со пониски чинови кои куче нема каде да ги укаса. И со повисоки старешини кои се твој партиски избор, а не се таму според способностите. А бе еден од нив не може сертификат за безбедност од НАТО да добие, толку се дубиозни, а еве веќе една година сте членка на НАТО.
РЕЗИЛ Шеќерке. Голем резил, пишува на  Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.