Не помина многу време, а СДСМ повторно шири лажни анкети. И овојпат злоупотребувајќи го американскиот Национален демократски институт (НДИ) преку агенцијата за испитување на јавното мислење Тим институт, традиционално блиска до партијата на власт.
Повеќе медиуми денеска објавија дел од обемното истражување на Тим институт и Стар рисрч направено за НДИ, според кое за предвремените парламентарни избори колацијата предводена од СДСМ и БЕСА има предност од 3,6% пред коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Според прикажаното, рејтингот на коалицијата на чело со СДСМ пред 15 јули изнесува 24,8%, а на коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, пак, 21,2%. И тоа би било во ред се додека не се направи збир на резултатите во акнетата, кој на крајот мора да изнесува 100% (или најблиску до 100%, 99,9%) за да биде релевантна.
Коалиција на СДСМ и Беса 24,8%
Коалиција на ВМРО-ДПМНЕ 21,2%
ДУИ 7,2%
Коалиција на АА и Алтернатива 5,7%
Нема да гласа 16,5%
Одбива да одговори 9,5%
Не зна 9,0%
———————————————————
ВКУПНО: 93,9%
Токму тие 6,1% кои недостасуваат во вкупниот збир ја прават оваа анкета неверодостојна, фалсификат и се доволно силен доказ дека преку валкана игра СДСМ води политичка пропаганда наместо предизборна кампања.
Според фаличната анкета во просек 24,8% од испитаниците кажале дека ќе ја поддржат коалицијата „Можеме“, 21,2% ќе гласаат за коалицијата „Обнова за Македонија“, ДУИ води со 7,2% пред коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, за која ќе гласаат 5,7%. 16,5% од испитаниците рекле дека нема да гласаат, 9,5% одбиле да одговорат, а 9% не знаат.
Истражувањето на Тим институтот и Стар рисрч е спроведено на терен, преку интервјуа лице в лице, од 12-21 јуни на национален репрезентативен примерок од 1.213 полнолетни испитаници. Анкетата е со маргина на грешка од +/-2,8% и 95% стапка на доверба.
На прашањето дали земјата се движи во правилна или во погрешна насока дури 44% сметаат дека се движи во погрешна насока, што е за 11% повеќе од февруари/март. Оттука, нејасно е како може толкав процент испитаници да не се задоволни од правецот во кој се движи државата, а притоа владејачката партија и нејзиниот коалициски партнер да се во голема предност пред следниот на листата, ВМРО-ДПМНЕ.
Значителен дел од гласачите го променија своето гледиште за состојбата во државата од неутрално во песимистично. Во март, 30% одговориле дека државата се движи во правилна насока, 35% беа неутрални, а 33% рекоа дека Македонија се движи во погрешна насока. Во јуни, 29% ја посочија правилната насока, 26% беа неутрални (пад од девет процентни поени) и 44% рекоа дека државата се движи во погрешна насока (зголемување за 11 процентни поени), пишува во анкетата.
Од друга страна, авторот на анкетата во нејзиното претставување наведува дека „податоците од анкетата не го предвидуваат изборниот резултат“.
Доколку е така, нејасно е зошто е направена и која е целта на нејзината дистрибуција? Од нашето долгогодишно искуство како медиум кој следел голем број изборни циклуси и објавил стотици анкети, целта на анкетата е токму тоа – да го предвиди изборниот резултат. Во спротивно, анкета објавена пред избори, која нема цел да го предвиди изборниот реултат е нејцелисходна и претставува манипулирање со јавноста. Во тој случај има цел погрешно да го наведе читателот или гледачот од една страна, а од друга страна да му даде ветар во грбот на „победникот“ во таа нецелисходна анкета, во случајов на СДСМ.
Дали навистина Тим институтот, агенција која е традиционално блиска до СДСМ, се обидува да го окуражи членството на СДСМ дека сепак не е сè толку црно во предвечерието на 15 јули? Дали е ова уште еден знак на слабост и доволен доказ дека на СДСМ му следи тежок изборен пораз на вонредните парламентарни избори за две недели?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.