Движењето Беса продолжува да доживува големо незадоволство и револт од активистите, објави Порталиарена.ком.
Оставката на претседателот на огранокот во Тетово, Газменд Алиу, од пред некој ден предизвика револт и други заминувања од партијата. Покрај раководителот на тетовскиот огранок, Газменд Алиу, синоќа од Беса си замина активист од огранокот Боговиње, Сабит Хисени, додека неофицијално се вели дека од Беса си заминала и поранешната пратеничка, Теута Биљали, која одбила да биде на заедничката листа за пратеници на со СДСМ на Зоран Заев.
Потврдените информации од теренот и од разговорите со активистите на Беса во Тетово велат дека добро познатиот тетовски активист Артан Етеми заедно со десетици други активисти на тетовскиот огранок ја напуштиле партијата на Касами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.