Само во април општина Тетово распишала тендери во вредност од над 79 милиони денари кои се објавени на веб-страницата за јавни набавки. Во мај, пак, општината отворила тендери тешки над 20 милиони денари за активности кои треба да се реализираат во наредните месеци. Поставување бехатон, или павер елементи на улиците, изградба на канализација, зазеленување на јавни површини, се дел од јавните набавки кои Тетово ги распиша во последните два месеца. Но, покрај тендерите, општината подигнала и кредит за изградба или за одредена набавка.

За булеварот „Видое Смилевски Бато“ општината земала кредит од околу 1 милион евра. Кредит подигнала и за набавка на 5 урбани автобуси, за што ќе треба да врати 720 илјади евра во рок од 13 години.

Градоначалничката Теута Арифи, на прашањето – дали општината има обезбедено средба за распишување на овие тендери или пак влегува во долгови, одговори дека станува збор за способност на менаџментот да ги обезбеди овие средства.

-Способност е на општина Тетово да обезбедиме екстра средства, како што се овие извори, како и други начини преку кои обезбедуваме средства од Светската банка. Има и други извори, но и ние кофинансираме-вели Арифи.

Општина Тетово е првак во Македонија кога станува збор за долгови. Владата во ноември 2018 година им подмири 51% од долговите на општините. Тетово имаше долг од 15 милиони евра, а Владата ѝ отплати вкупно 7.5 милиони евра. Од тогаш заклучно со 2020 година, општината направила долг од 1.4 милиони евра. На почетокот на годинава, Тетово имаше долг од 9.5 милиони евра.

Извор: ТВ 21


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.