Поради неплаќање придонеси за шест месеци, стотици вработени во јавното комунално претпријатие „Тетово“ почнаа со штрајк. Тие нема да ги вршат своите секојдневни работа и предупредуваат дека штрајкот ќе продолжи до реализација на нивните основни барања.
Бараме да се платат придонесите. Секој ден не лажат, ќе платат денес, утре, ќе ги плати Владата, ама ниту Владата, ниту општината не презедоа мерки и дојдовме до ваква состојба да ја запреме работата. Ние нема да работиме додека не се платат придонесите.
Не можеме да одиме по болници. Кога одиме, треба да платиме. Всушност, ние доаѓаме тука како да сме аргати”
Ние ќе го продолжиме штрајкот сè додека не се исполнат нашите услови, затоа што не можеме повеќе, велат во изјава за АлсатМ.
Директорот на ЈП Џелал Цека признава дека придонесите за стотици работници не се платени, но тој ги обвинува жителите на Тетово и Владата за ваквата состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.