Новиот бран на коронавирусот е тука, а се забележува и зголемување на притисокот врз болниците во државата, инфорираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Во Тетово има најголем број на приеми во инфективното одделение, како и во модуларната болница, тука се хоспитализирани околу 45 пациенти во изминатите неколку денови, од кои според направените епидемиолошки анкети повеќе од пола присуствувале на прослави и на забави. Освен во Тетово, бројот на новодијагностицирани пациенти се многу високи и во Скопје и во Гостивар, а од вчера и во уште неколку градови во државата – Куманово, Кичево, Кавадарци, Струмица, меѓутоа во овие градови нема притисок во болниците и во амбулантските прегледи и во хоспитализација на тие коишто треба да се примат на болничко лекување, рече Филипче.
Тој додаде дека направен е договор, односно систем за прием на пациенти на кои им е потребно болничко лекување да се препраќаат во Скопје. Ова, засега ќе важи за пациентите од Тетово.
Од болницата во Тетово ќе се праќаат тука во Скопје за што ќе се отвори вториот спрат на Инфективната клиника за што се направи координација на кадарот, тука во Скопје, рече Филипче.
Од вкупниот број на примени пациенти во болница околу 150 кои е значајно зголемен во изминатите неколку дена, под 10% се пациенти коишто се целосно вакцинирани и тоа се пациенти коишто се во добра здравствена состојба и истите не се критични.
Делта сојот е сој којшто е очигледно доминантен, не само кај нас туку насекаде во регионот и во Европа и за кој е познато и е научно потврдено дека за 60-70% за разлика од алфа сојот побрзо се шири и е детектирана поголема количина на вирусот, таканаречен вирусен лоуд во слузокожата од брисевите на пациентите. Дали таа поголема количина на вирус ќе даде и потешка клиничка слика, односно дали пациентите коишто ќе заболат од делта вирус ќе имаат потешка форма на ковид сè уште не е истражено и за тоа допрва ги чекаме клиничките студии, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.