Синоќа Тетово беше шокирано од уште една вест, која што тешко ги погоди сите граѓани, но, не и тие на власт, реагираат од Алијанса за Албанците за искасаното петгодишно дете од кучиња скитници во Тетово.

Кучињата скитници за коишто во континуитет алармираме, нападнале петгодишно дете нанесувајќи му тешки повреди. Сето ова се случило во близина на куќата и само брзото и навремено реагирање на членовите на семејството го спасиле детето од фатален исход. Овој случај докажува дека Тетово е опасно место за живеење, како последица на неодговорноста, криминалот, корупцијата и лошото менаџирање на претставниците на локалната и централна власт. И, ако ги прашате за овој случај, тие повтортно ќе го третираат како инцидент, судбина или како природна катастрофа – велат од Алијанса за Албанците.

Според партијата предводена од Зијадин Села, за ова да не биде доволно, кога детето било однесено во болница, на родителите им било кажано дека немаат вакцини против беснило, поради што семејството било приморано да заминат за Скопје, во тамошниот клинички центар.

Градот Тетово, не само што не е безбеден за живеење, нема ниту ефикасно здраство за да помогне. Нема безбедни училишта, исто така од неодамна сме сведоци дека во опасност се и куќите, дворовите и населбите. И по сето ова, ние не можеме да бараме одговорност од тие што нѐ поднесоа одговорност ниту за 14 изгубени животи – велат од Алијанаса за Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.