Јагода Јанковска, тетка на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, е назначена за раководител на сектор за образование во Општина Центар, дознава „Република“. Јанковска решението го добила на 28.06.2018 година.

Јанковска позира со решението во друштво на градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ

Костадинов еднаш веќе беше вмешан во афера со непотизам и партиски вработувања, кога неговата мајка Фанија Костадинова беше вработена во Централен регистар во Струмица.

Во февруари годинава, таа сепак се повлече од функцијата, откако премиерот Зоран Заев најави дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места.

Портпаролот на СДСМ тогаш тврдеше дека иако вработувањето на неговата мајка било законски, таа се повлекува од работното место од морални причини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.