Премиерот Зоран Заев денеска на својот фејсбук-профил објави дека го добил резултатот од тестот за Ковид-19 и дека тој е негативен.

Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со Ковид-19, порача Заев.

Синоќа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на фејсбук-профилот објави дека е позитивен, по што Заев најави дека ќе се тестира, иако, како што рече, немал директни контакти со него, и оти тие што ги остварил биле со почитување на сите заштитни мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.