Тешко е да се идентификуваат телата на загинатите, јагленосани се и никој во моментов не може да каже ни колку се ни кои се, вели бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Радев.

Како што објавија бугарските медиуми, четири автобуси со македонски регистрации патувале од Истанбул кон Скопје и можно е при запирањата за одмор некои патници да се префрлале од еден автобус во друг.

Според Рашков, можно е некој да се прекачувал, па затоа тешко е да се каже точниот број на загинати.

Четирите автобуси биле на иста компанија, а правеле пауза на бензинска станица пред Софија, и засега не е јасно дали во автобусот биле точно пријавените 52 патници или имало прекачување од еден во друг автобус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.