Новинарот и поранешен директор на Центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски на својот Фејсбук профил сподели информација за тешко повpeден работник кој работел во нелегалниот хотел на „Чичко Никола”, за кој Заев лично даде ветување дека ќе стори се за да се легализира.

Испадна дека работникот кој завршил со тешки повpeди, сепак работел на нелегалниот хотел во Лагадин, кој Заев рече дека ќе го легализирал. Гледате, вашето самоволие, немањето грижа за експлоатираните, легализирањето на нелегалното, се удира од грбот на некој кутар работник. Утре ќе се удри од грбот на сите нас, вели тој.

Изјавите на премиерот Заев на трибината во Охрид во врска со градењето на хотелски објект во населбата Лагадин предизивикаа остра реакција на граѓаните кои побараа незаконскиот „чир од градба“ итно да добие решение за отстранување, а општината веднаш да пристапи кон спроведување.

Против бизнисменот кој го гради објектот, во 2016 година СВР Охрид поднесе кpивична пријава за не легaлна градба во заштитено подрачје, поточно во Националниот парк „Галичица“. Инаку за објектот за кој реагираат од граѓанската иницијатива Охрид СОС, инвеститорот кажа дека е едно „обично објектче“ за семеен бизнис со 8 соби и 9 апартмани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.