Лажните вести кои се објавуваат и во српските медиуми во врска со случајот „Рекет“ не влијаат на добрите односи меѓу двете земји. Ова е заклучокот денеска на Заев и Брнабиќ на Табановце.
Одговарајќи на новинарско прашање за „Рекет“, Брнабиќ рече дека борбата против лажните вести е тешка, но проектите кои двете земји ги реализираат се потврда за пријателството.
Се додека имаме проекти како што се договорите кои денес ги потпишавме, тоа е правата слика за односите меѓу двете земји, не лажните вести. Проблемот со лажни вести е глобален и тој мора институционално да се решева, рече Брнабиќ.
И Заев е согласен дека ништо нема да ги наруши односите.
Ние сме 100 проценти определни за градење добри односи. Односите традиционално биле добри. Наша обврска е да растат. Нема да дозволиме лажни вести и медиуми да ги нарушат тие односи. Нашите односи ќе бидат уште долг период добри. Тешко ми паѓа кога ги гледам лагите и невистините. Се обидуваме со вистината да одговориме, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.