Во однос на уредбата која беше предложена да се фотографираат граѓаните кои нема да носат маски, министерот Чулев рече дека оваа мерка е тешка за спроведување.
Тоа е дополнителна обврска за полицијата, но уредбата сеуште не е помината на седница на Влада. Јас како министер за внатрешни работи сметам дека доколку ова се усвои на Влада тешко е изводливо Дали со мобилни телефони ќе се фотографира? Дали и деца ќе се фотографираат? Може да дојде до злоупотреба… Ако е семејство дали сите ќе се казнети? Кој ќе ја проверува автентичноста на фотографиите? Можно е да дојде до злоупотреба на истите на социјалните мрежи? Дали лицата се во движење? Можеби се разминале…Јас сум за тоа оваа уредба да не се донесе, но поддржувам задолжително носење на маски, подвлече Чулев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.