Заканите на социјалните мрежи кон ВМРО ДПМНЕ, од Мухамед Красниќи, алијас Командант Малишева не престануваат. Имено, Командант Малишева кој беше обвинет од кумановската група, испрати порака до албанскиот народ во врска со претседателските избори, да не го поддржат кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ, бидејќи таа партија е шовинистичка и никогаш не ја заслужи поддршката од албанскиот народ, ниту од Албанците. Тој напиша дека ВМРО беше криминална партија на чело со Груевски, кој е во бегство.

Инаку Мухамед Красниќи, е познат како еден од водечките лидери за настаните од Диво Насеље, кога беа убиени осум полицајци, а 38 беа повредени. Во дводневната престрелка во Куманово, беа убиени и 10 припадници на групата за која се смета дека тоа црно сценарио го предводеше токму тој.

Ова е во целост неговиот пост од социјалните мрежи !
Порака до албанскиот народ: Почитувани сограѓани имам една порака за вас, оваа порака е во врска со претседателските избори. ВМРО како шовинистичка партија никогаш не ја заслужи поддршката на албанскиот народ и ниту гласот на Албанците. Оваа кандидатка на ВМРО, Силјановска која се повикува на правда и дека наводно имало пpaвдa за време на владеењето на нејзината партија со на чело Груевски а заборава дека токму оваа партија ги

блокираше процесите унапредувањето на Охридскиот договор. ВМРО беше криминална партија со на чело со Груевски, кој е во бегство.
ВМРО беше партијата за чие време се случи Бродец. ВМРО беше партијата за чие време беа запалени имотите на Албанците во Ѓорче Петров. ВМРО беше владејачка партија од 2001 година и се бореше против Албанците.

Истата оваа ВМРО беше партијата за чие време се исценираше Монструм. За време на ВМРО беше исцениран и случајот Алфа. ВМРО беше директно вклучена во оркестрирање и исчезнувањето на нашите другари кои денес се пaднaти бopци за нацијата. ВМРО не остави црнило со не им го направи на Албанците.
Имам една молба до оние гласачи кои ќе излезат да гласаат за ВМРО , да нe прават такво нешто, да не се гласа за неправдата и криминалот. Силјановска се повикува на правда, а правдата кај нив секогаш била селективна. И денес нема правда за нашата група а тоа дека нема правда се покажало и со други случаи и како случајот со малиот Алмир и други случаи. Албанците на почеток требаше да го гласаат својот кандидат Блерим Река, а во вториот круг од изборите требаше да направат компромис со Заев и да излезат со јасна платформа за тоа што му треба албанскиот народ, а нè со замижани очи да повикуваат на гласање.
Почитувани Албанци од две зла изберете го тоа што е помалку штетно, ако излезете …. !!!
Останете почитувани и почестени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.