Сè уште нема реакција од Министерството за образование и наука за нивната обука во во СУГС „Владо Тасевски“ во Општина Аеродром,  одржана од 5 до 9 мај Скопје, на која на наставниците им било посочено веќе да не се користи терминот „турско ропство“, бидејќи тој термин е навредлив за учениците од турска националност.

Од СУГС „Владо Тасевски“, пак, за „Плусинфо“ одговорија дека Бирото за развој побарало простории во ова училиште и дека обуки со наставници се одржале.

Професорот по историја Борче Милошевски од средното училиште „Никола Карев“ во Скопје, пак, за порталот одговара како би им ги предавал на неговите ученици лекциите од тој период без да го спомене терминот „турско ропство“.

Ова прашање не е нешто ново и веќе одамна се избегнува употребата на терминот „турско ропство“, поради тоа што во тој период немало робови во земјата. Јас како професор по историја повеќе ги употребувам термините, османлиска власт, управа и слично. Точно е дека народот имал лоши услови за живот, па поради тоа и била огранизирана национална борба за власт со цел создавање на своја самостојна држава. И во периодите кои следеле, луѓето не биле робови, туку само биле под власт на некоја друга држава, а тоа не е ропство, објасни професорот Борче Милошевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.