Оној чие прво вработување беше пратеник, па не се пронајде во функцијата Градоначалник, сега ќе се проба како министер. Со изборот на Благој Бочварски за министер за транспорт и врски тандемот на синот и таткото тендераши од Штип се префрла на територија на цела Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи јавно достапни документи во кои стои дека семејната фирма на довчерашниот градоначалникот на Штип добила 12 тендери со вкупната вредност од 6,7 милиони денари.
Благој Бочварски кукавички избега од позицијата градоначалнк на општина Штип, немајќи храброст да се соочи со штипјани, кои три години ги лажеше и манипулираше, рече на прес конференција Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Јавно достапните документи велат дека семејната фирма на градоначалникот Благој Бочварски Пелагонија –Инженеринг ДОО Штип во периодот од 2017 до 2019 година добила 12 тендери од Ј.П Стипион 2011. Вкупната вредност на тендерите изнесува 6,7 милиони денари или 109.371 евра, рече Јорданов.
Ова е одговорот, дополни пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, зошто немаше пари за проекти во Штип, затоа што парите се трошеа за изнајмување на машини од фирмите на Бочварски и полнење на нивниот семеен буџет.
Штип ќе го памети по ветените а неизградени: жичара, аквапарк, брана на река Отиња, сала за боречки вештини, картинг центар, катна гаража, гасификација и многу други проекти, кои не се ниту почнати, посочи Јорданов.
Со вакви кадри, посочуваат од опозицијата, ќе имаме само тендер влада, која мисли на бизнис интересите, а не и на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.