Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека наредната недела можна е средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој вели дека темите за разговор со Мицкоски ќе бидат пописот, законот за ЈО, во кој е и проблемот со иднината на СЈО.
Верувам дека ќе поразговараме и за Изборен законик, модел, да формираме групи. Имаме доволно долг период до редовните избори за посветено и професионално да се посветиме и да ги вградиме препораките дадени од ОДИХР. Ќе разговараме најверојатно и за други прашања кои веројатно и опозицијата ќе ги отвори. Треба да го држиме дијалогот отворен и на ваквите средби ќе ги најдеме решенијата кои на која било од страните им претставува одредена резерва или грижа, изјави Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.