Како што информира владината прес-служба, министрите ќе го разгледаат Извештајот за работата на Информативното тело формирано согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Информативно тело за олеснување на трговијата на Владата на Македонија за Светската трговска организација.

На предлог на Министерство за здравство, Владата денеска ќе донесе одлука по Информацијата за давање одобрение за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема – апарати за хемодијализа, за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија, ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември Скопје и ЈЗУ Завод за нефрологија од Струга, како и по Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема, за потребите на ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина – Скопје.

Министерството за труд и социјална политика за оваа седница ја предложи и точката Информација за работата на Националното координативно тело за следење на имплементацијата на Стратегијата за Роми и Интеграција на Ромите 2020.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.