Македонски Телеком се оградува од ставовите на Шкодране Дардишта кои таа ги објави на Фејсбук.

Македонски Телеком се оградува од приватниот став на г-ѓа Шкодране Дардишта изнесен на социјалната мрежа Фејсбук. Го осудуваме ваквиот личен став и наскоро очекуваме реакција од Владата, која ја постави г-ѓа Дардишта како независен член на Одборот на директори на Македонски Телеком“, се вели во соопштението.

Шкодране Дардишта, поранешната директорка на службата за општи работи на Клиничкиот центар, поранешен член на УЧК и актуелен член на управниот одбор на Македонски телеком од ДУИ, незадоволна од развојот на настаните на политичката сцена, упати закани преку својот профил на Фејсбук.

Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, напишаа таа.

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети ја осуди изјавата на поранешната директорка на заеднички служби на Клинички центар Шкодране Дардишта.

Од ДУИ велат дека Дардишта зборува за изборна битка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.