Гувернерката на Народната банка (НБ) Анита Ангеловска-Бежоска, испрати телеграма со сочувство по повод автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа најмалку 45 македонски граѓани, а седум се повредени.

Денес е еден од најтажните денови во поновата македонска историја. Ненадејната загуба на 45 наши сограѓани во несреќата којашто се случи утрово во Бугарија, несомнено остави белег на длабока тага кај сите нас ‒ пријатели, соседи, познаници, па и непознати сограѓани, кога во раните утрински часови, со трепет во срцето, ги слушнавме страшните вести. Душата ни e полна со жалост и сочувство за најнесреќните ‒ семејствата на загинатите, се вели во телеграмата со сочувство.

Заедништвото, се додава, е најважно во овие моменти.

Заедно, за поддршка на семејствата на жртвите. Заедно, како нација во тагата по нашите сограѓани, се посочува во телеграмата од гувернерката Ангеловска-Бежоска и Народната банка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.