Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев телефонски разговарал со својот колега од Република Македонија Бујар Османи, кој е на пат за Бугарија во врска со тешката автобуска несреќа на автопатот Струма.

Бугарското МНР соопшти дека Стоев изразил искрено сочувство до роднините на загинатите, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите.

Бугарскиот министер за надворешни работи го увери својот колега од Република Македонија дека нашата земја ќе обезбеди целосна помош во истрагата на сообраќајната несреќа, како и во пружањето помош на настраданите во несреќата. Двајцата се договориле да се сретнат во болницата Пирогов каде се сместени повредените во сообраќајката, се вели во соопштението од МНР на Бугарија.

Револуционерна метода со која го регулирате крвниот притисок од дома за само три дена!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.