Мобилниот телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева е одземен по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корпција, потврдија за МИА од Обвинителството.

Мобилниот на Јанева е одземен заради прибирање повеќе информации за истрагата што Обвинителството ја отвори денеска против Бојан Јовановски (Боки 13) и Горан Милевски (Зоки Кичеец), првоосомничен и второосомничен за изнудување пари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.