Текстилна фабрика во Ресен е новото жариште на Ковид-19 , каде во последниот период се регистрирани 15 позитивни случаи. Според Центарот за јавно здравје Битола по анализа на епидемиолозите, за „Хатекс“ се дадени препораки фабриката да се затвори за период од две недели.
„Во фабриката има вкупно 15 позитивни случаи, дел од нив се на домашно лекување, дел се хоспитализирани. Во исто време потврдувам дека во градот Ресен во изолација се 100 лица кои што имале контакти со потврдено заразено лице со корона вирусот, вели директорката на ЦЈЗ во Битола, Елизабета Крстева.
Во Ресен од 1 октомври заклучно со вчера од вирусот се заболени нови 38 лица. Од почетокот на кризата до денес во Ресен се разболеа 202 лица, а болеста е активна кај 38 лица. Во последниот месец Ресен брои една жртва на вирусот, вчера почина 59-годишен ресенчанец, кој што работел како таксист. Вирусот во Ресен во последниот период право нови кластери, меѓу новозаболените има и вработени на бензинска пумпа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.