Гласањето се одвива нормално и без проблеми, но сепак, граѓани реагираат дека во некои избирачки места имало проблем со регистрирањето на нивниот отпечаток од прст на уредите за биометриска идентификација на гласачите. Од ДИК потврдуваат дека се појавиле мали проблеми.
Проблемите се надминуваат, а може да се потврди дека во мал број на избирачки места имаше определени технички проблеми. Но генерално гласањето се одвива нормално. На некои места се пријавени проблеми со уредите за отпечаток со прст. Главно станува збор за проблеми со логирањето, односно внесувањето на лозинките. Меѓутоа, технички лица интервенираат и проблемите се надминуваат“, вели портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.