Тегли со чист воздух како симболично спакуван подарок доби власта од опозицијата на дешниот протест за чист воздух, кој ВМРО-ДПМНЕ го одржа во неколку градови низ Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ вечерва остави тегли со чист воздух од врвот на Водно пред Влада, бидејќи воздухот што го дишеме е се само не е чист. Чистиот воздух станува привилегија. Граѓаните се осудени да се гушат во смог заради неспособната власт, и нема да не изненади ако некоја следна бизнис идеја за која ќе бидат потрошени народните пари биде токму чист воздух во тегла. Иронично, но за жал крајно, крајно трагично! Дека нема напредок воопшто и подобрување на полето на квалитетот на воздухот нотира и ЕК(Европската Комисија) во нејзиниот најнов извештај за Македонија, каде тие кажуваат дека власта нема направено ништо за намалување на загадениот воздух, ниту централната, ниту локалната, иако се и двете под една партија. Ова почитувани граѓани е црвен картон и за Заев и за Шилегов, порача актерката Јелена Жугиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.