Откако шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи изјави дека ги користел услугите како советник на професорот и прв македонски министер за надворешни работи, Денко Малески, кој го декларира Крсте Петков Мисирков за Бугарин,а Гоце Делчев со бугарско национално чувство, аналитичарот Ивор Мицкоски запраша какви советници, какви министри одлучуваат за клучни прашања во државава.
Советник на Османи во пронаоѓање на договор со Бугарија бил паничарот Денко, човекот кој немаше храброст да го реши спорот со Грција во 90-тите, и чии проблематични текстови само им дадоа потпора на деструктивните, ревизионистички и политички тези изнесени од Софија.
Па молим ти се, какви советници, какви министри одлучуваат за клучни прашања во државава – стои во статусот на Мицковски објавен на фејсбук.
Советник на Османи во пронаоѓање на договор со Бугарија бил паничарот Денко, човекот кој немаше храброст да го реши…
Posted by Ivor Mickovski on Saturday, 14 November 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.