Струмичанецот Кире Михаилов се обрати пред насобраните луѓе на протестот против политичкиот реваншизам на власта предводена од Зоран Заев при што истакна дека ширум Македонија се исполнуваат изјавите на сопартијците на Заев дека „ќе јаделе живи луѓе“ и дека „ќе бркаат од чистачка до министер“.
Михаилов раскажа дека и тој е еден што на своја кожа го почувствувал грдото лице на владеењето на Заев, кое се појавува, како што кажа, секојдневно во секоја институција и на секое поле.
Работев во ЈП Македонски Шуми каде чесно и професионално си ја работев својата работа, работа од која ја издржував мојата фамилија.
Меѓутоа замислете, избркан сум од работа заради еден фејсбук пост, и тоа во период кога бев на неплатено отсуство, т.е. не бев во работен однос, за жал тоа е реалноста во Македонија.
За една напишана реченица против власта. Може ли да замислите до кај може да им оди умот и што може да направат и на што се се подготвени. За која демократија ние зборуваме, слобода на говор, што беше тоа?
Ова не е демократија, овде нема ниту слобода на говор, овде нема ниту човечност. Овде има реваншизми и терор – истакна Михаилов..
Тој вели дека тоа што му се случува е прогон врз неговата фамилија и лично врз него затоа што не се согласува со погубните политики на СДСМ и затоа одлучил јавно, како и до сега, повторно да каже дека не знаат што прават и дека не само што е лошо, туку никогаш не било полошо.
Ова се случува со секој еден кој што ќе се спротивстави на оваа власт на било кој начин, и ова го прават затоа што се плашат и на овој начин мислат дека ќе не скршат, но се лажат, ниту ќе не скршат, ниту ќе не предомислат, само ќе не мотивираат.
Заев сака да се откажеме и да избегаме од државата, сите ние кои не се согласуваме и се спротивставуваме на неговите погубни политики за да може да го тероризира секој еден.
Но тоа нема да се случи – порача Миахилов.
Тој истакна дека лично ќе продолжи да се бори за Македонија затоа што е Македонец и затоа што ја сака Република Македонија.
Јас сум од Струмица и живеам во Струмица можам да ви кажам и гарантирам дека во Струмица со Заеви нема живот. Нема, затоа што цела Струмица е окупирана од нив.
Никој не може да тргне на работа ако нема амин од Заеви, никој не може да почне приватен бизнис ниту да го работи доколку не е вмежен во нивниот октопод на бизниси. Тоа е реалноста во Струмица, тоа е реалноста која ја преточија низ цела Република Македонија.
На ова насилие, раваншизам и терор мора да му се стави крај. И ќе му ставиме крај.
Затоа, одовде и сега јасно и гласно да им порачаме на Зоран Заев и неговите послушници дека ќе не гледаат овде и секаде, сега и секогаш кога ќе биде потребно затоа што Македонија која ним не им значи ништо, таа нам ни е сѐ.
Ќе не гледаат додека не го го потрошиме и последниот атом од нас, затоа што Македонија ни е аманет на нас, затоа што Македонија ќе биде аманетот од нас – порача Михаилов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.